Search

Иранската Револуционерна гарда се закани дека ќе го затвори теснецот Ормуз

Иранскиот адмирал Алиреза Тангсири изјави дека ако на Иран не му биде дозволено да извезува нафта преку теснецот Ормуз, тие ќе го затворат морскиот премин, пренесува „Спутник“.

Теснецот Ормуз е клучен стратешки пат кој се наоѓа помеѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив, а низ него поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и околу една третина од нафтените деривати.

Изјавата на Тангсири доаѓа во услови на се позасилени тензии меѓу Техеран и Вашингтонод почетокот на април кога САД го стави на црната листа иранската Исламска Револуционерна Гарда (ИРГЦ) означувајќи ја како терористичка организација, за што Исламската Република се одмазди со официјално назначување на Централната команда на САД (ЦЕНКОМ) како терористичка.

И покрај претходните закани запрекинување на извозот на ирански сурова нафта, Вашингтон им додели привремени „ослободувања“ од забраната за извоз на големите потрошувачи како Кина, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Грција, Турција и Тајван.

Иранските медиуми подоцна објавија дека и покрај санкциите во САД, приходите за нафта во земјата се зголемиле за речиси 50 отсто во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави