Search

Иран најавува помало почитување на нуклеарниот договор

– Иран утре ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор, кој САД го напуштија минатата година, објавија ирански медиуми.

– Иранската организација за атомска енергија утре во фабриката за преработка на тешка вода Арак ќе објави подготвителни чекори кои ќе се преземат за натамошно намалување на обврските на Техеран кон договорот, наведуваат медиумите.

Исто така, се додава дека Организацијата за атомска енрегија ќе објави и чекори за зголемување на резервите на збогатен ураниум и производство на тешка вода во Арак.

Иран минатиот месец престана да се придржува кон некои обрски од договорот потпишан со меѓународните сили во 2015 година, а потоа САД еднострано се повлекоа од него во 2018 година и повторно воведоа санкции против Техеран.

Иран тогаш предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат неговата економија од американските санкции

Треба да знаете
Последни објави