Search

Инфлуенсерките покажаа како треба да се носи бикини

Додека чекаме да стигне вистинската зима, светските дизајнери размислуваат за трендовите за наредното лето. Сепак, се чини дека најкреативни биле самите жени кои пронашле нов начин како да носат бикини. Единственото прашање е колку е успешен?

Трендот започна во Австралија и се шири на социјални мрежи, првенствено на Instagram, каде што сите влијателни лица поставуваат фотографии со нов начин на носење на горниот дел од бикини костумот.
Трендот беше лансиран од австралискиот бренд “Kantik”.

За разлика од традиционалниот начин на носење бикини, кога бретелите се врзани на вратот, сега се врзуваат на грбот и се добива „push-up“ ефект, бидејќи ткаенина од двете страни ги притиска градите, правејќи дупка во средината на костимот за капење.

Овој ефект може да се постигне со било кој тип на бикини.

Некои други инфлуенсерки,  како што е италијанскиот модел Валентина Фрадеград, пак, ги врзуваат бретелите под градите, па на овој начин изгледа како да го носи горниот дел наопаку.

Единствениот проблем е фактот дека само градите го одржуваат бикининито да не падне, па не е пожелно пливањето.

Треба да знаете
Последни објави