Search

Интер започна преговори со Јунајтед за Санчез

Раководството на Интер преговара со Манчестер Јунајтед за можноста Алексис Санчез да остане во тимот и за преостанатите натпревари од Лигата на Европа, објави Џанлука Ди Марцио. 31-годишниот Санчез игра на позајмица за „нероазурите”, а двата клуба неодамна се согласија неговиот договор да биде продолжен до крајот на сезоната во Серија „А”, што ќе заврши во првиот викенд во август. Сепак, Интер ќе игра и во Лигата на Европа, откако италијанскиот клуб ќе го пречека Хетафе во осминафиналето на турнирот.

Според Димарцио, можно е Пјеро Аусилио и Џзепе Марота да добијат дозвола од Јунајтед да го задржат Санчез во тимот, бидејќи двата клуба се најдоа во различни текови во ждрепката за решавачката фаза на турнирот. Интер и Манчестер Јунајтед можат да се сретнат само во финалето, а во такво сценарио Санчез нема да има право да игра против англискиот клуб, кој ги има неговите права.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед има мала желба да го задржи Санчез, кој добива скоро половина милион фунти неделно, и ќе се обиде да го продаде на Интер. Договорот може да се случи доколку „нероазурите” решат да ги дадат бараните 20 милиони евра за Чилеанецот.

Оваа сезона, Алексис Санчез има 23 натпревари за Интер, во кои постигна 2 гола и направи 8 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави