Search

Инвестициите во водостопанството продолжуваат, со браната „Конско“ се обезбедува наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини

Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, низ чиј развој се реализираат стратешките планови за напредок и развој на во земјоделството.

Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во оваа значајна гранка и резултатите се очигледни. Имено, во таа насока е и изградбата на браната „Конско” која во моментов е изградена 60%, и освен што е од  исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини во регионот, таа има и мултифункционална намена.

Браната „Конско” треба да обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, наводнување на земјоделските површини, производство на електрична енергија, но и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро. Таа треба да обезбеди вода за наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини се зголемуваат за пет пати.

На овој начин се решава еден голем проблем кој со години го имаа земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и  конкурентни цени.

Овој капитален проект е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра.

Дополнително, вештачкото езеро на браната „Конско” која се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20-тина километри оддалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија.

СДСМ изминатите 3 години покажа одговорно и домаќинско водење на државата и вистинска грижа, вложувајќи во напредокот на гранките кои се од особено значење за целата држава. Продолжуваме одговорно и посветено во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави