Search

Извршил кражба во живинарска фарма, па ограбил таксист

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“.

При извршување на овие кривични дела се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.

На 10.03.2018 година пријавениот со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнале такси возач и со закана му одзеле пари.

Треба да знаете
Последни објави