Search

Избран новиот претседател на Алжир

Поранешниот премиер на Алжир, Абделмаџид Тебун е избран за нов претседател на земјата на избори со кои властите се надеваат дека ќе завршат повеќемесечните превирања, додека демонстрантите кои го соборија неговиот претходник Бутефлика велат дека нема да запрат.

Тебун денес беше прогласен за победник на изборите, освојувајќи повеќе од половина од гласовите.

Властите соопштија дека девет милиони Алжирци излегле на гласање, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите кои продолжуваат со протестите сметаат дека станува збор за измама чија цел е одржување на старата владејачка елита и бараат нови политички лидери.

Треба да знаете
Последни објави