Search

И Седлоски е кандидат за испразнетото место на тренерската клупа кај Динамо Загреб

Поранешниот капитен македонската фудбалска репрезентација и на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, Гоце Седлоски е еден од кандидатите за испразнетото место на жешката тренерска клупа кај тимот од Максимир, пренесуваат хрватските медиуми.

„Модрите“ ја прекинаа соработката со Игор Јовичевиќ, па хрватските медиуми тргнаа во потрага по новиот тренер на тимот кој сега со капитенската лента го предводи уште еден македонски репрезентативец Аријан Адеми. Седлоски пред неколку месеци се врати во Загреб и го предводи вториот тим на Динамо.

Како главен кандидат на листата за тренер на првиот тим е Зоран Мамиќ кој сега има директорска функција во клубот, а тука е и Жељко Копиќ, екс-тренер на Хајдук и актуелен директор на младинската школа на Динамо, Роберт Просинечки, Горан Томиќ…

 

 

Треба да знаете
Последни објави