Search

И дал на ќерката да проба марихуана на 13 години: Одговорен родител сум

Cе пофали миленикот на сите жени од Холивуд, 57 годишниот Џони Деп во последно време највеќе внмание привлекува со борбата на суд со поранешната сопруга, 35 годишната глумица Амбер Херд која го обвинила за физичко насилство. Нивната војна сеуште трае, но глумецот сега привлече внимание со необичното одгледување на неговата 22 годишна ќерка Лили Роус, која ја доби во вркста со француската глумица Венеса Парадис. Џони призна дека и дал да проба марихуана на Лили Роус кога имала 13 години и себеси се нарече одговорен родител, пишува Mirror.

Џони за своето одгледување се оправда со зборовите “Сакам да и дадам на ќерка ми сигурно искуство со дрогата уште во раните тинејџерски години”. Тој се окарактезира како одговорен родител бидејќи не сакал неговата ќерка, која е денес глумица да има лошо искуство со дрогата додека тој не е во близина за да и помогне. Потсетуваме, глумецот со нејзината мајка , Венеса беше во врска од 1998 до 2012 година, а очигледно ги задржал и добрите односи, колку толку бидејќи Венеса ќе биде сведок на судењето кое Амбер Херд го води против него…

Преземено од popara.mk

Треба да знаете
Последни објави