Search

Зошто копчињата на женски кошули се на левата страна, а на машките кошули на десната страна?

Зошто копчињата на женски кошули се на левата страна, а на машките кошули на десната страна?

Што се однесува до кошулите, копчињата се шиеле на десната страна уште од средниот век. Мажите носеле меч под капутот и тоа на левата страна. За да можат полесно и побрзо да го извлечат, копчињата морале да бидат од десната страна.
Подоцна, кога жените ги откриле блузите, тие самите не се закопчувале, туку кројачките и слугинките го правеле тоа наместо нив.
Меѓутоа, постои и теорија дека копчињата се на левата кај жените, а на десната кај мажите за да се покаже дека жените на општественото скалило се подолу од мажите.
Сепак теоријата со мечот и слугинките некако е пологична. Копчињата од левата страна почнале да се носат во периодот од 1840 и 1850 година, а до тогаш и женската облека се закопчувала од десната страна.
Постојат уште неколку занимливости поврзани за копчињата:
– Наполеон наредил на сите негови војници на ракавите да им се сошијат копчиња за да ги спречи да си го бришат носот со нив.
– Во времето на старите Грци и Римјани копчињата биле правени од дрво, метал, рогови, коски од животни, школки.
– Во бронзеното време луѓето толку многу биле воодушевени од копчињата што ги шиеле на облеката и ги носеле како украс. Подоцна од таа навика настанал брошот.
-1620 година војводата од Бакингем носел наметка на која се наоѓале многу копчиња од дијаманти – нормално, служеле само како украс.
– Јапонците преферирале копчиња направени од бисер.
Треба да знаете
Последни објави