Search

Заштити го канализацискиот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се често сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети. Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува  неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина. Затоа „Биди одговорен, однесувај се совесно“, заштити го канализацискиот систем, здравјето  и животната средина. Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на Пакомак на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП Комунална хигиена на 0800 222 33.

Треба да знаете
Последни објави