Search

Затворски казни и одземање на автомобили на несовесните возачи во Хрватска

Хрватската полиција подготвува измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кој се предвидуваат драконски казни за несовесните возачи. Се предлагаат поголеми парични казни и до 3.000 евра, затвор до 60 дена и одземање на возилото.

Возачи кои ќе останат без своите автомобили ќе бидат оние кои два пати ќе направат ист прекршок.

Одземање на автомобилот е предвидено за два пати возење во спротивна насока, возење во населено место со 50 километри на час побрзо од пропишаната брзина, поминување на неколку црвени светла на семафорот, одбивање на алкотестирање и тестирање на опојни дроги, возење со одземена возачка дозвола, возење со 0,5 промили алкохол во крвта, како и за одбивање на алкотестирање и тестирање на опојни дроги за време на сообраќајна несреќа.

Во насока на поригорозни казни со измените на законот се предвидува при одредување на прекршокот да се земаат во предвид и фотографиите од камерите поставени на сообраќајниците.

Засега не е познато на колку време ќе биде одземен автомобилот на казнетиот возач.

Треба да знаете
Последни објави