Search

Затвореник од Идризово почина во Геријатрија

Затвореник од Идризово починал вчера во медицинска установа каде се лекувал, информираше МВР.

-На 10.07.2019 година во 12.54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од село Врапчиште, гостиварско. Станува збор за осудено лице од КПУ„Идризово“ кое било на лекување. Според пријвеното, Г.А. боледувал од карцином. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави