Search

Засилени контроли во Кавадарци, санкционирани 134 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кавадарци.
– Притоа, изречени се вкупно 134 санкции, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 24 за возење без возачка дозвола,15 санкционирани мотоциклисти. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, изјави за МИА Тони Ангеловски, портпарол на МВР
Треба да знаете
Последни објави