Search

Запленето големо количество оружје во Црна Гора

Црногорската полиција заплени големо количество оружје и муниција, средства за комуникација, автомобил и уапси пет лица.

Полицијата изврши претрес на 22 места во Подгорица, Цетиње и Даниловград, каде е пронајдено оружјето.

Против уапсените се поднесени кривични пријави и тие ќе бидат изведени пред обвинител.

Конфискуваните предмети ќе бидат дадени за експертиза, соопшти Управата на црногорската полиција.

Треба да знаете
Последни објави