Search

Запленети 8,8 тони слонова коска во Сингапур

Властите во Сингапур заплениле 8,8 тони слонова коска, што е рекордно количество, соопштија властите на градот држава, кој се смета за транзитна точка за нелегална трговија со диви животни.

Слоновата коска, чија вредност изнесува 12,9 милиони долари, потекнува од речиси 300 африкански слонови и била на пат кон Виетнам од Демократска Република Конго, објави „Ројтерс“.

За време на акцијата биле запленети 11,9 тони крлушки од панголин во вредност од 35,7 милиони долари, што е количина за која е потребно да се убијат околу 2.000 панголини.

Панголинот, мравојад прекриен со крлушки, е еден од цицачите со кој најмногу се тргува во светот.

Неговото месо е деликатес во Виетнам и Кина, а крлушките се користат во традиционалната кинеска медицина, иако научниците ги оспоруваат нејзините лековити својства.

Официјални претставници на Сингапур изјавија дека крлушките од панголинот и слоновата коска ќе бидат уништени за да не се вратат на пазарот и додадоа дека одземањето следувало по дојавувањето од кинеската царинска служба.

Треба да знаете
Последни објави