Search

Заев: СДСМ покажува дека ги слуша граѓаните и се грижи за нивно добро

Заев: СДСМ покажува дека ги слуша граѓаните и се грижи за нивно добро

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва по завршување на Централниот одбор на партијата потврди дека разрешен e целиот Извршен одбор на СДСМ, потпретседателите и партиските секретари, а нов генерален секретар е Љупчо Николовски. Тој повеќе нема да биде министер за земјоделие.

-СДСМ е големина, партија која носела најголеми одлуки за развојот на државата. СДСМ покажува дека ги слуша граѓаните и се грижи за нивно добро, тоа е разликата со нашите опоненти. Ако тргнеме од своите редови да се корегираме и подобриме, нема да дозволиме од никој што зема пари од граѓаните, да не работи добро. Пораката ја примивме, граѓаните ни испратија кристално јасна порака, корегирајте се ако сакате поддршка. Следуваат денови за промени во извршната власт. Сега со освежени капацитети ќе продолжиме со подобрување на животот на граѓаните. Николовски е новиот генерален секретар, нема да биде веќе министер. Тој беше еден од најуспешните министри и сум горд што имав таков член во кабинетот, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави