Search

Заев: Криминалците на Груевски сега се на листите на Мицкоски

„Секој ден се разголуваат и Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ. Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николвски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра  ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството. Исти луѓе, кој тоа лажат. Сега е слобода луѓето знаат се.Чекаат 15 јули и зад параванот да ни кажат.“ ги коментираше кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Гази Баба.
Тој направи споредба дека денес државата живее во слобода за разлика од пред три години кога луѓето шепотеа и се плашеа јавно да критикуваат.
„Не може повеќе да продаваат лажен патриотизам од опозицијата. Да ни продаваат обнова тие што ја урнисаа економијата. Тие што го партизираа судството и правосудството и го нарушија комплетно образованието. Не можат да продаваат обнова ни на слободата, кога денес слободата блеска на сите страни, секој може слободно да си каже што сака и да не му фали влакно на главата, а пред три години се молчеше и не смееја некои имиња да се спомнат во државта. Уриваа, го урнисаа и Космос и се што им беше на патот. Земаа приватни фирми да бидат во нивна сопственост. Делеа субвенции и социјална помош по партиски штабови. Тоа ќе го обновуваат? Таа обнова е како нивниот стиропор патриотизам. Гледате како одминува времето стиопорот се рони, се разобличува, се отвора, и излегува вистинското лице од него.“- говореше Зоран Заев на предизборната трибина на СДСМ во општина Гази Баба на која Оливер Спасовски и Сања Лукаревска беа преставени за носители во втората изборна единица од коалицијата „Можеме“.
Треба да знаете
Последни објави