Search

Заев за СЈО: Разумно решение во кое политичарите нема да одлучуваат за судските предмети

Во законот за јавно обвинителство што го предлагаме е замислено државниот јавен обвинител да формира тим од јавни обвинители од самото јавно обвинителство, државното јавно обвинителство со искуство поголемо од 15 години, кои ќе направат распределба на самите предмети и самиот јавен обвинител ќе утврдува дали има или нема докази, дали продолжува или не продолжува постапката.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешната тркалезна маса „ Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции”.

-Ова е веќе разумно решение каде што политичарите не одлучуваат што со иднината на предметите, туку одлучуваат обвинители и судии. И тоа е правниот систем. И тоа е ново, рече Заев.

На новинарско прашање Заев одговори дека лично нема слушнато што кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и ги нема сите детали но, како што додаде, тоа што го има како информации е дека предлага самите обвинители на кои ќе им бидат распоредени предметите тие да одлучуваат за иднината на предметите.

– Ако е тоа така тогаш е тоа во ред, тоа е нашиот правен систем, додаде премиерот Заев.

Мицкоски во вечерашното издание во емисијата „Отворено” рече дека нивниот прв принцип е да го инкорпорираат СЈО во рамките на Одделението за гонење на криминал и корупција.

– Второ бараме јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата. Третиот принцип е да не важат бомбите, сé што е до 30 јуни 2017 година согласно законот за СЈО, нека си има завршница, а после тоа да се покрене одговорност зошто некој постапувал спротивно на законите, некој неовластен тужител ја злоупотрбил својата службена позиција и должност и отпочнал предистраги и истраги, дури поднесол определни обвиненија и зошто некој од судиите ги прифатил тие обвиненија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека се залага да се вратат тие обвиненија кај овластен тужител, кој е јавниот обвинител и постапува по допрен глас.

Треба да знаете
Последни објави