Search

За 4 години од државјанството на Босна и Херцеговина се откажале 20.000 лица

Повеќе од 20.000 луѓе се откажаа од државјанството на БиХ во текот на изминатите четири години, со што државната благајна инкасира речиси 10 милиони конвертибилни марки, објави Советот на министри на БиХ.

Во периодот 2014-2018 година, 20.536 лица се откажале од своето државјанство во БиХ, а само во една година, 2014-2015, од државјанството се откажале 3.500 луѓе.

Во последните три години, бројот на откажувања во просек се зголеми на околу 4.500 годишно.

За откажување од државјанството на БиХ се плаќа такса, па така за поднесување барање таксата изнесува 800 конвертибилни марки, а таксата за откажување на државјанство во корист на некоја држава на територијата на поранешна СФРЈ, изнесува 200 конвертибилни марки, според сараевскиот портал „Мондо“.

Треба да знаете
Последни објави