Search

Жалбата на Википедија за нејзина забрана во Турција пред Уставниот суд

Уставниот суд на Турција денеска ќе ја разгледа жалбата на Википедија за забраната за користење на онлајн енциклопедијата веќе две години во таа држава.

Турција го блокира пристапот до Википедија во април 2017 година поради одбивање на веб-страница да отстрани содржина што турската Влада ја смета како дел од кампањата за „оцрнување” на државата.

Забраната беше  изречена според закон што дозволува владата да забранува веб-страници што се сметаат за закана за национална безбедност.

Википедија вели дека забраната го нарушува правото на граѓаните за пристап до информации и слобода на изразување. Интернет-енциклопедијата се жалеше до Уставниот суд на Турција и сака да ја укине забраната.

Уставниот суд се очекува денеска да разгледа дали целосна забрана за Википедија ја нарушува слободата на изразување.

Википедија се обрати и до Европскиот суд за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави