Search

Ердоган: Турција e заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата за развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да започне производство на вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, во турските фабрики за производство на лекови.

Треба да знаете
Последни објави