Search

Ердоган: Операциите на Турција во Источен Медитеран не се завршени

Турција го повлече истражувачкиот брод „Орук Рајс“ од Источен Медитеран поради дипломатски односи со Грција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Но, како што истакнува, тоа не значи дека турските операции во овој регион се завршени.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул по молитвата, Ердоган исто така рече дека е подготвен да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во живо или преку видеоконференција, за да разговараат за тензиите во Источен Медитеран, пренесува „Ројтерс“.

„Орук Рајс“ се врати во водите во близина на јужната турска провинција Анталија поради, како што објави Анкара, рутинско одржување.

Грција го оцени овој потег како прв позитивен чекор за намалување на тензиите околу природните ресурси и поморската јурисдикција во Источен Медитеран.

Треба да знаете
Последни објави