Search

ЕП ќе ги повика сите земји-членки на ЕУ да ја ратификуваат Истанбулската конвенција

Европскиот парламент следната недела ќе ги повика сите земји-членки на Европска унија да ја ратификуваат Истанбулската конвенција, соопшти денеска ЕП.

Европарламентарците в понеделник ќе дебатираат за Истанбулската конвенција, а на 28 ноември ќе гласаат за резолуција, со која ќе повикаат на итно ратификување на документот, како и за имплементација на сите неопходни законски и политички мерки за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата.

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството над жените и домашното насилство позната како Истанбулска конвенција, предвидува мерки за поддршка на жртвите и казни за сторителите.

ЕУ ја потпиша Истанбулската конвенција на 13 јуни 2017 година, а седум земји-членки се уште не ја ратификувале – Бугарија, Велика Британија, Литванија, Летонија, Словачка, Унгарија и Чешка.

В понеделник ќе биде одбележан Меѓународниот ден за спречување на насилството врз жените, а по тој повод зградата на ЕП во Стразбур ќе биде осветлена во портокалово.

Треба да знаете
Последни објави