Search

Елмас со фудбалскиот потенцијал почна да го разубедува тренерот Гатузо

Македонскиот фудбалски репрезентативец, 20-годишниот Елиф Елмас кој по рокадата на клупата кај италјанскиот калчолигаш Наполи од каде замина Карло Анџелоти, а седна Џенаро Гатузо, малку добиваше прилики да биде на теренот, почна да го разубедува новиот стартег со својот потенцијал. Елмас на куп-натпреаврот со Лацио доби шанса да влезе во игра во 67. минута на местото од Хозе Каљехон, а според прикажаното ги задоволи вкусовите на тренерот Гатузо.

– Сакам да му честитам на Елмас за одличниот меч. Го замени Каљехон и внесе вистински дух на теренот, дури и кога бевме под притисок од противникот. Повторно видов во него вистински ритам и дух – изјави Гатузо.

Треба да знаете
Последни објави