Search

Елмас остана на клупа во ремито на Наполи со Барселона

Наполи и Барселона ремизираа 1-1 во натпревар во кој Елиф Елмас не влезе во игра за домашниот состав. Каталонците имаа повеќе од поседот над топката, но Наполи прв поведе, со евроголот што го постигна Дрис Мертенс во 30. минута.

За Мартенс ова беше 121 гол за Наполи во сите натпреварувања со што се изедначи со Хамшик, а Марадона е трет на вечната листа со 115 погодоци.

Гризман го израмни резултатот на асистенција на Семедо во второто полувреме, а „наполитанците“ имаат за што да жалат со оглед на промашениот зицер на Калјехон непосредно по примениот гол.

Кике Сетиен ќе има огромни проблеми со составот бидејќи во самиот финиш црвен картон заработи Артуро Видал, а покрај Чилеанецот поради жолти картони во тимот на „Камп Ноу“ ќе го нема ниту Серхио Бускетс, додека неизвесен ќе биде и настапот на Пике, кој се повреди во 91. минута и мораше да биде заменет.

Треба да знаете
Последни објави