Search

Елмас дебитираше за Наполи во Серија А

Македонскиот фудбалски интернационалец Елиф Елмас доби шанса од клупата во 71 минута да заигра во Серија А за тимот на Наполи, на  гостувањето кај Фиорентина. Неговиот тим забележа победа од 4:3. Во натпревар со пресврти и вкупно седум постигнати голови, Елмаз кога ја доби шансата од стратегот Карло Анчелоти, иако веќе беше постигнат конечниот резултат, добро ја одработи укажаната доверба.

Фиорентина поведе со гол на Пулгар од пенал во деветата минута, а Наполи преку Мертенс во 38. минута го изедначи резултатот на 1-1. Пет минути подоцна Инсиње од пенал донесе прсврт од 2-1.

По седум минути игра во второто полувреме Миленковиќ изедначи на 2-2, но Каљехон во 56. минута го врати водството на Наполи, овој пат од 3-2. Во 65. минута убав гол на Боатенг од далечина за ново изедначување, но две минути подоцна по една одлична акција Инсиње погоди за 4-3.

Треба да знаете
Последни објави