Search

Елиф, добредојде во Наполи

Елиф Елмас вечерва пристигна во Неапол. Утре се очекува официјалната промоција на Македонецот во италијанскиот тим, а сајтот поврзан со сите информации во Наполи „Calcio Napoli 24″ веќе му посака добредојде.

Фенербахче и Наполи ги договорија сите детали. И Анчелоти призна дека Елмас доаѓа, а претходно тоа го стори и сопственикот Де Лаурентис.

И турскиот гигант Фенербахче вечерва го потврди трансферот на Елмас, без да објави детали од договорот, освен дека младиот македонски фудбалер заминува под Везув и на Македонецот му посака многу среќа во иднина.

„Нашиот клуб се договори со Наполи за трансфер на фудбалер Елиф Елмас и тој заминува во Италија за да ја компелтира целата процедура и да потпише за новиот клуб. Елиф, кој го носеше нашиот дрес со гордост и беше навивач на Фенербахче успешно ги бранеше овие бои, покажа лојалност и голем потенцијач. Ти посакуваме многу среќа во иднина. Веруваме дека на најдобар начин ќе го презентираш Фенербахче во новиот дрес“, објавија од Фенербахче.

Треба да знаете
Последни објави