Search

Елизабет Харли позираше топлес пред 18-годишниот син

55-годишната Британка на себе стави само јакна и облече гаќички од нејзината нова линија костими за капење.

„Како можев да одолеам?“, напиша под фотографијата што ја сподели со повеќе од 1,8 милиони следбеници на Instagram.

Таа исто така откри дека ја фотографирал нејзиниот син Демијан, кој оди по нејзините стапки и работи како модел.

Харли доби бројни комплименти за фотографијата, но големото внимание што го привлече, не помина без негативни реакции – повторно доби критики за бизарниот однос и чудната блискост што ги има со синот.

Треба да знаете
Последни објави