Search

Единствена Македонија: Бејли потсвесно призна дека судството и марионетската власт биле негови подрачни единици

Eдинствена Македонија му благодари на Џес Бејли што на крајот на неговата кариера во Македонија со писмо до судството всушност потсвесно призна дека во Македонија делувал како локален гувернер и дека македонските судови и македонската влада биле подрачни единици на американската амбасада во Скопје, велат во соопштение од партијата на Јанко Бачев.

Од партијата сметаат дека американскиот амбасадор се мешал во внатрешните работи во Македонија и во заднина носел одлуки во судството и политиката.

Џејмс Бејли фрли многу пари на Сорос за уништување на македонскиот народ преку марионетската влада во Скопје иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, стои во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека новата легална власт на Единствена Македонија која ќе работи во интерес на Македонците а не во интерес на странците, доаѓа и прва задача ќе биде расчистување со националните предавста и конфискација на украденото во бесмилосниот грабеж на народниот имот.

Треба да знаете
Последни објави