Search

Еден од основачите на легендарните „Рокери’с Мораву“ почина од Ковид

Музичарот Бранислав Анѓеловиќ (76), кој во 60-тите годин на минатиот век го предводеше рок бендот „Plamenih pet“ и беше еден од основачите на култната музичка група „Rokeri S Moravu“ во седумдесеттите, почина во четвртокот во Белград како последица на Ковид-19.

Тажната вест на Фејсбук ја потврди неговата најмлада ќерка Дијана.

– Рано утрово го загубивме татко ми Бане Чора, музичката легенда на Балканот – објави Дијана.

-Имаше операција на колкот, меѓутоа се зарази со корона, а компликациите доведоа до неговата смрт многу брзо. Бане ќе го паметат милиони фанови, низ неколку генерации, кои сите уживаа во скечевите на „Рокери од Морава“ и рок-фолк пародиите по кои беа добро познати. Тато, се надевам дека ќе почиваш во мир и дека си на подобро место, додала таа.

Кога во Белград почнаа да се појавуваат вокално-инструментални ансамбли, Анѓеловиќ беше член на „Пламених пет“, по што заминал во Лондон, каде што исто така свирешел џез и блуз, па беше многу заслужен за оригиналните аранжмани на „Рокери од Морава“, кои на југословенската музичка сцена се појавија во 1977 година со синглот „Стојадинка овце шиша“.

Благодарение на острите текстови, одличните аранжмани и вокално-сценски изведби, секогаш со шајкачи на главата, стекнаа култна популарност каква што никој досега не успеал да ја постигне. Бане Чора ги напушти „Рокери“ по 11 години, во јули 1988 година, а со неговото заминување бендот ги загуби квалитетот на звукот и аранжманот.
Ги остави сопругата Мирјана и ќерките Санди, Мимица и Дијана.

Треба да знаете
Последни објави