Search

Египетските археолози ископале 20 насликани саркофази

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофаги во близина на градот Луксор, на кои сè уште се видливи декорации во силни бои.

Саркофазите биле откриени во некрополата Асасиф лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг, јави „Би-би-си“.

Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече „едно од најголемите и најважните“ во последните години.

Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 година п.н.е.) од антички Египет.

Треба да знаете
Последни објави