Search

Еврејската асоцијација ја осуди аукцијата на нацистички предмети во Германија

Европската еврејска асоцијација остро ја осуди аукцијата на нацистички предмети во Германија, во која беа опфатени шапката на Адолф Хитлер, сребреното издание на неговата книга „Мајн кампф“ и коктел фустанот на неговата долгогодишна партнерка Ева Браун.

Асоцијацијата ја осуди аукцијата што се одржа во „Херман хисторика“ во Минхен, истакнувајќи дека не е во ред да се заработуваат пари од производи натопени со крв, особено во Германија“, пренесува АП.

Сопственикот на аукциската куќа, Бернхард Пахер ги отфрли критиките, велејќи дека купувачи се претежно музеи, јавни колекции и приватни колекционери кои внимателно се занимаваат со таа тема.

Треба да знаете
Последни објави