Search

ЕБОР го назначи Анди Аранитаси за нов претставник во Северна Македонија

ЕБОР го назначи Анди Аранитаси за нов претставник во Северна Македонија. Анка Јоана Јонеску ќе си замине од Скопје на 1 септември.

Аранитаси работи во ЕБОР Лондон од 1998 година, а од 2000 до 2005 година е банкар во канцеларијата во Бугарија. Седум години работи во Истанбул, на енергетски проекти во Европа и Азија, и последниве две ипол години е во Бугарија во истиот оддел. Неговото работно искуство е во тимовите на Централна Европа и Западен Балкан, во секторите на телекомуникации, енергија и енергетика.

По завршувањето на средното образование во неговата родна земја Албанија, Аранитаси ја добива школарината на Фондацијата Отворено општество за Американскиот Универзитете во Бугарија, каде дипломира во 1996 година.

„Сакам да ја продолжам тековната работата со локалниот тим во проекти за поврзување на земјата, како и во оние од секторот инфраструктура и енергија, истовремено ангажирајќи се за зголемување на активностите на Банката во приватниот сектор”, истакна Аранитаси.

До денес ЕБОР има инвестирано во Република Северна Македонија повеќе од 1.87 милијарди евра во 117 проекти, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции на Банката и други придружни активности. Анка Јоана Јонеску ја претставуваше ЕБОР во Северна Македонија повеќе од пет години.

Треба да знаете
Последни објави