Search

Додик: Република Српска нема да даде согласност за членство нa БиХ во НАТО

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави денеска во Љубљана дека во БиХ нема консензус за членство во НАТО и дека Република Српска останува на ставот за воена неутралност.

– Ние во Република Српска не можеме да дадеме согласност за членство во тој воен сојуз, пред сè, поради бомбардирањето со осиромашен ураниум чии страшни последици ќе ги чувствуваат не само сегашните генерации, туку и многу после нив, истакна Додик на средбата со словенечките парламентарци.

Треба да знаете
Последни објави