Search

ДиЏеј Мац се приклучи во хуманитарната акција „Со срце за Цобе“

По многуте објави и повици за помош и донација за Слободан Попов – Цобе, во хуманитарната акција самоиницијативно се вклучи и добропознатиот хип-хоп ДиЏеј Мац. Тој подготви специјална кутија за донации за Цобе, која што ќе ја носи насекаде на неговите настапи во следниот период. Идејата е секој од присутните на настапите каде што ќе биде ДиЏеј Мац, да донира со срце за Цобе.

На овој начин Диџеј Мац сака да помогне во спасување на животот на младиот Цобе, а и да ги поттикне сите добронамерни луѓе да се вклучат во хуманитарната мисија, секој на свој начин и со свое делување.

Досега, финансиските средства кои што се потребни за операцијата на Цобе растат од ден на ден. За операцијата се потребни 50.000 евра, а со заеднички сили сите заедно ќе се потрудиме да ги собереме. Со срце за Цобе сите организирано донираме за да спасиме млад живот на следниве броеви и сметки:

Број за донација

A1 (VIP) 143-463

Телеком 143-103

Сметка за донација:

Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје

Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје

IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попов

Линк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk

Треба да знаете
Последни објави