Search

Дичев:Секогаш кога има политички проблем, десничарите прибегнуваат кон историјата за да ја дефокусираат јавноста

Бугарскиот професор по културна антропологија Ивајло Дичев во ексклузивно интервју за емисијата Трилинг на ТВ24 со свое видување за политичко –историските конфронтации меѓу Северна Македонија во пресрет на новата средба меѓу македонско- бугарската мешовита комисија .

Тој вели дека властите во Софија го користат прашањето со Македонија за да ја дефокусираат домашната јавност од наталожените проблеми.

-Во Софија има многу сериозни политички избувнувања. Веќе 2 месеци протестираме тука по улиците, сакаме да ја исфрлиме оваа Влада. Секогаш кога има некаков политички проблем, крајно десните, ние ги нарекуваме ВМРО, исто како и кај вас, прибегнуваат кон некои такви истории. Македонија е редовна причина за да се одвлече вниманието од она што се случува овде,а за кое протестираме. Имено, корупцијата, злоупотребата на сегашната влада итн. Ова е повторен обид за одвлекување на вниманието. Тоа за јазиците, се разбира, е сосема очигледно. Што значи јазикот? Тоа е една јазична норма што е прифатена во една или друга држава. Како може да не се прифаќа јазикот, мене едноставно не ми е јасно. Лингвистите секако, можат да зборуваат за потеклото на еден јазик за врските со другите и такa натаму, но тоа ми е бесмислено. Како може ние Бугарите од тука да бараме Македонците да се откажат од своите јазични норми, тоа едноставно не можам да го разберам, вели Дичев.

Треба да знаете
Последни објави