Search

Димова: „Пасатот“ и „тигуанот“ не се купени, туку се земени на лизинг

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, на која ги отфрли обвинувањата за злопотреба на пари од фондот „Еразмус плус“, ги демантираше и „шпекулациите“ дека за купување на две возила биле потрошени околу 90.000 евра.

Како што е познато, беше објавено дека во 2018 година, Агенцијата набавила „фолксваген пасат“ во вредност од 45.327 евра и „фолксваген тигуан“ вреден 43.576 евра. Димова објасни дека станува збор за тригодишен лизинг на возилата, во вкупна вредност од 90.000 евра.

Директорката додаде дека се јавила во Брисел да побара одобрување за набавка на возила. Но, од таму добила одговор дека возилата не може да се купат, туку само да се земат на лизинг.

Треба да знаете
Последни објави