Search

Дик Адвокат повторно се врати од пензија

Еден од најпознатите холандски фудбалски тренери Дик Адвокат повторно ги прекина пензионерските денови и се согласи да седне на клупата на второлигашот АДО Ден Хаг до крајот на сезоната, јавија денеска локалните медиуми.

Адвокат (75), чиј победнички рекорд како холандски селектор минтиот викенд беше собрен од Луј ван Гал на Мундијалот во Катар, својата фудбалска кариера како играч ја почна во Ден Хаг, но никогаш не беше тренер на својот матичен клуб.

На клупата на Ден Хаг доаѓа на местото на поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул, Дирк Кајт.

Адвокат три пати беше селектор на Холандија, а беше селектор и на ОАЕ, Јужна Кореја, Белгија, Русија, Србија и Ирак во својата тренерска кариера долга повеќе од 40 години.

Треба да знаете
Последни објави