Search

Детектор: Мнозинството граѓани живееле подобро пред 5 години отколку денеска

Речиси две третини од граѓаните не можат да си покријат месечните трошоци со своите примања,
покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе
Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 65,5% од анкетираните граѓани рекле дека месечните приходи не и се доволни за да
ги покријат сите трошоци во месецот. 29,1% од граѓаните имаат доволно средства за цел месец додека 5,4% немаат одговор. Прашани дали живеат подобро сега, или пред 5 години, 33,5% од граѓаните велат дека порано живееле подобро, додека 32,3% не гледаат никаква разлика. 23,7% од анкетираните велат дека сега живеат подобро отколку пред 5 години

Меѓу 70 и 100 проценти од своите трошоци во месецот можат да покријат 44,6% од граѓаните.
41,4% имаат доволно средства за да покријат меѓу 40 и 60 проценти од своите месечни трошоци,
додека 7,1% граѓани покриваат најмногу до 30% од трошоците со своите месечни примања.
Во споредба со претходната анкета која за Детектор ИПИС ја спроведе во јуни годинава,
значително е намален бројот на граѓани кои со своите месечни примања можат целосно да си ги
покријат месечните трошоци со своите месечни примања. Од 22,1% во јуни, бројот на граѓани кои заработуваат доволно за да ги покријат своите трошоци се намалил на 12,6%.

Анкетата на Детектор покажува дека над една третина од граѓаните или 39.7% половина од својот
месечен буџет трошат на храна. 28,6% од граѓаните на храна трошат 75% од своите месечни
примања, а 12,4% на храна трошат само четвртина од парите кои што ги заработуваат секој месец.
12,8% од анкетираните сите пари кои месечно ги заработуваат ги трошат на храна.
Во споредба со претходната анкета од јуни, Намален е бројот на граѓани кои сите пари ги трошат
на храна но уште поголемо намалување има и кај оние кои за храна трошеле само по 25% од
своите месечни примања.
Во јуни на 34% од анкетираните им останувал половина месечен буџет откако ќе ги подмират
сметките за храна, додека 23,6% трошеле 75% од приходите само за да се нахранат.
14,1% сите месечни приходи ги трошеле за храна, додека 17,1% во јуни рекле дека 25% од
приходите им одат за храна.

Според мнозинството граѓани, за да се задоволат месечните потреби на едно четиричлено
семејство потребни се меѓу 30 и 35.000 денари. Ваков став имаат 38,5% од анкетираните. 24%
сметаат дека за тоа се потребни меѓу 20 и 30.000 денари, а 19% се на став дека за основните
месечни потреби на едно четиричлено семејство требаат меѓу 35 – 40.000 денари. 7,2% од
анкетираните велат дека за потребите на четиричлено семејство месечно им требаат меѓу 40 и
45.000 денари додека 5,4% се на став дека се потребни над 45.000 денари.
Само 5,2% од анкетираните сметаат дека четиричлено семејство месечните потреби може да си ги
задоволи со помалку од 20.000 денари.
Мнозинството граѓани, нешто над една четвртина смета дека просечната плата во Македонија
треба да биде меѓу 25 и 30.000 денари. Ваков став имаат 26,7% од анкетираните. 20,9% мислат дека просечната плата треба да биде меѓу 30 и 35.000 денари, додека 20,2% очекуваат просечна
плата од 35 до 40.000 денари. 10,9% сметаат дека просечната плата треба да биде некаде меѓу 40
и 45.000 денари, а 7,9% се на став дека просечниот личен доход треба да биде над 45.000 денари.
9,8% од анкетираните граѓани сметаат дека просечната месечна плата треба да биде до 25.000
денари.

Мнозинство анкетирани граѓани или 19% рекле дека имале зголемување на месечната плата во
последната година, 9,9% имале зголемување пред две години, а 11,4% поголема плата последен
пат добиле пред три до 5 години. Не помнат дека имале зголемување на платата.
10,5% од граѓаните велат дека никогаш немале зголемување на платата додека 17,7% се изјасниле
како невработени.
Ако треба да се прави приоритетна листа за зголемување на платите во јавниот сектор, граѓаните
во големо мнозинство, односно 38,9% од нив сметаат дека први зголемување на плата треба да
добијат вработените во здравството.
19,4% сметаат дека приоритет треба да бидат вработените во образованието, додека 6,8% јавната
администрација.
3,7% од анкетираните се на став дека полицајците треба први да добијат зголемена плата, 3,1%
војниците а само 2,4% од анкетираните сметаат дека приоритетни за зголемување на плати треба
да бидат вработените во правосудниот систем.
13,9% од граѓаните мислат дека никој во јавниот сектор не треба да добие повисока плата.
59,6% од граѓаните се согласуваат дека пензиите треба да се зголемат, додека 25,6% се против.
Меѓу пензионерите, очекувано, 88,3% сметаат дека треба да имаат поголеми пензии, додека 5,6%
се противат на зголемување.
Почетокот на преговорите со Европската Унија и зачленувањето во НАТО ги прави граѓаните
оптимисти. 41,3% од нив очекуваат стартот на преговорите со ЕУ да го подобри животниот
стандард додека 46,5% се оптимисти дека стандардот ќе скокне кога земјава ќе стане членка на
НАТО.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања
Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 25 до 29 октомври
годинава со маргина на грешка од плус – минус 3%

Треба да знаете
Последни објави