Search

Детектор анкета: Повеќе од две третини од граѓаните на референдум би гласале за членство на Македонија во НАТО

Повеќе од две третини од граѓаните ќе гласаат за влез на Македонија во НАТО доколку утре се
одржи референдум, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го
изработи Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 67,3% од анкетираните ќе
дадат поддршка за членство во НАТО доколку утре би се организирал референдум по ова
прашање. 14,6% од граѓаните велат дека ќе гласаат против додека 18,1% немаат одговор.
Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања Скопје ја изработи за Детектор
во февруари годинава, не се забележуваат значајни промени. Намален е бројот на граѓани кои би
дале поддршка, но за уште поголем процент се намалил и бројот на оние кои би гласале против.
Па така, од 70,1% во февруари бројот на граѓани кои на рефернедум би гласале за влез во НАТО
паднал на 67,3%. Истовремено од 18,1% во февруари, бројот на оние кои на референдум би
гласале против се намалил на 14,6%.
Најголеми промени има кај граѓаните кои останале без одговор. Од 11,9% во истражувањето во
февруари, оваа бројка сега се зголемила на 18,1% граѓани кои немаат одговор на ова прашање.
Членството во НАТО според граѓаните ќе донесе бројни придобивки за државата.
47,5% од граѓаните сметаат дека со влезот на земјава во НАТО значително ќе се зголемат
инвестициите во економијата, додека 30,8% не очекуваат вакви придобивки. Интересно е дека
мажите се поголеми оптимисти од жените. 53,7% од анкетираните мажи и 41,4% од анкетираните
жени очекуваат повеќе инвестиции во Македонија со влезот во НАТО.
Повеќе од половина од граѓаните, или 50,5% очекуваат со влезот во НАТО да се зголеми
безбедноста во државата, додека 28,8% немаат такви очекувања.
Според етничката припадност, етничките Албанци се тие кои во поголемо мнозинство очекуваат
поголема безбедност со членството во НАТО. 66,1% од анкетираните етнички Албанци очекуваат
дека со членството во НАТО ќе се зголеми, наспроти 45,9% од етничките Македонци кои имаат
такви очекувања и 45,8% од граѓаните од останатите етнички заедници.
43,3% од анкетираните очекуваат со влезот во НАТО за да се забрза и процесот на евроинтеграции
додека 32,8% немаат такви очекувања. И тука, повторно поголеми оптимисти се мажите. 49,5% од
нив очекуваат побрза евроинтеграција со членството во НАТО, за разлика од 37,2% жени кои
имаат такви очекувања.
Мнозинство граѓани сметаат дека македонскиот буџет нема доволно капацитет да го издржи
членството во НАТО. 33,1% од граѓаните сметаат дека македонскиот буџет не може да одговори на
потребите и обврските за зголемено финансирање на одбраната кои произлегуваат од членството
во НАТО за разлика од 30,4% кои сметаат дека буџетот ќе може да го поднесе членството.
54,7% од анкетираните сметаат дека треба да се одвојуваат повеќе средства од буџетот за
потребите на армијата додека 19% се противат на оваа идеја.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена
телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници
со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Треба да знаете
Последни објави