Search

Детали за сообраќајката кај Загреб: Возел 150 км на час и зборувал на мобилен кога удрил во „шкодата“

Според неофицијални извори,, возачот на „БМВ-то“ кое здроби „шкода“ на наплатната рампа „СВ. Хелена“ кај Загреб зборувал на мобилен телефон и возел 150 киломтри на час, дознава Јутарњи лист. Видеото од страшната несреќа во која е тешко повредени сопрушници од Унгарија и нивниот малолетен син веќе се појави на социјалните мрежи.

Несреќата ја предизвикал Озрен М.(35) кој по фаталниот судир викал „курво, курво“ на соговорничката со која разговарал на мобилниот телефон. Тој без да е обиде да сопре удрил во „шкодата“ која сопирал пред автомобилот пред неа, исто така со унгарски национални ознаки.

По силниот удар сите три автомобили заврпиле во наплатната куќичка која била буквално поместена.

Според информциите, повредената жена е во стабилна состојба, а сопругот и синот се во индуцирана кома.

Треба да знаете
Последни објави