Search

Дескоска: ЈО постапува согласно постојниот закон, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека правната држава функционира

Членот на ИО на СДСМ, Рената Дескоска учествуваше во  интервју за емисијата “360 степени” на ТВ Алсат.

Дескоска се осврна на концептот на безбедност на прислушуваните материјали во СЈО и истакна дека не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на СЈО  и дополни дека Републичкиот јавен обвинител ја презеде надлежноста, и сега тој ја има формално грижата за тие материјали, во истиот сеф како што стоеле и досега .

-Јавното обвинителство кај нас е поставено хиерархиски. Согласно постојниот Закон за Јавното обвинителство, а тоа не беше сменето ниту во предлозите коишто ги пуштивме во Собрание, републичкиот јавен обвинител има право да делегира предмети на конкретни јавни обвинители. Тоа не е нешто што тој прват го прави, тоа се случувало и во минатото додека бил републички обвинител Зврлевски и во други случаи. Тие ги водат предметите по доделување на републичкиот обвинител – изјави  Дескоска.

Според Дескоска, не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

-Колку што знам тоа е зграда која што е доделена на СЈО, во орган во рамките на ЈО. Тоа е зграда во којашто се сместени обвинителите, во која што се наоѓаат предметите формално, материјалите, така што од тој аспект не станува збор за правно прашање, дека е нешто спорно од правен аспект, туку од практичен аспект веројатно одлучил обвинителот на тој начин да продолжат работите и тоа е апсолутно ирелевантно – заклучи Дескоска.

Треба да знаете
Последни објави