Search

Дескоска: Голем број од информациите за непотизам во СЈО се невистинити

Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници. – истакна Рената Дескоска, член на ИО на СДСМ во гостувањето на емисијата „360 степени”  на Телевизија Алсат, на прашањето во врска со платите на вработените во СЈО.

“Кога се формираше СЈО, се додаде нова глава во Законот за јавнообвинителските службеници, којшто го регулира статусот и правата на овие лица. Ставивме одредба дека покрај Специјалниот јавен обвинител доколку не е избран, Републичкиот обвинител одлучува за статусните права, за другите права на овие вработени” потенцираше Дескоска.

Во однос на вработувањата по роднински и блиски врски во СЈО, Дескоска истакна дека дел од таа информација е невистинита и веќе била демантирана.

-“Беше споменат Игор Милев, дека негов син работи во СЈО – тој воопшто нема син. Ме спомнаа мене дека маж на некоја моја братучетка била вработена во СЈО, јас ви кажувам дека тој не е вработен во СЈО, туку е вработен во МВР уште кога јас сум била студентка”, потенцираше Дескоска.

Таа дополни дека во дел од случаите, дека се вработени лица коишто се деца на судии и обвинители, тоа не е уникатна ситуација во СЈО, но дека треба да се бара начин да се спречи влезот. Како и дека би била задоволна доколку ДКСК по допрен глас или по пријава ги истражи овие случаи.

Треба да знаете
Последни објави