Search

Деновиве ќе се знае дали Словенија ќе добие нова Влада или ќе оди на предвремени избори

До крајот на неделава ќе се знае дали Словенија ќе добие нов мандатар за состав на Влада или, пак, државата сепак ќе оди на предвремени парламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, утре продолжуваат разговорите кои ги организира претседателот на државата Борут Пахор. Претставниците на парламентарните политички партии ќе го информираат претседателот за текот на разговорите за состав на нова Влада на чело со СДС (Словенска демократска партија) предводена од Јанез Јанша.

По овие состаноци Пахор ќе одлучи дали ќе го даде мандатот за состав на Влада или пак таа одлука ќе му ја препушти на Собранието.

Друг блок партии, предводени од партијата на премиерот во оставка Марјн Шарец, се залагаат за брзи предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави