Search

Демонстратите блокираат патишта во Ирак

Во Ирак и денеска продолжуваат антивладините протести во Ирак, а демонстрантите палеа гуми и блокираа патишта во делови на земјата.

Во Басра, Амара, Кут и Насирија е оневозможен сообраќајот, а училиштата, универзитетите и други институции се затворени.

Во делови на Багдад демонстратите седнаа среде улица за да ги спречат вработените да заминат на работните места. Во новите судири во Багдад две лица се ранети кога безбедносните сили испукаа солзавец.

Најмалку 320 лица се убиени, а над илјада се ранети од почетокот на протестите во октомври.

Треба да знаете
Последни објави