Search

Девојка почина во када од струен удар- во едната рака го држела мобилниот телефон приклучен во струја , додека во другата…

Русинката Анастасија (20) била пронајдена мртва откако настрадала од струен удар предизвикан од мобилниот полнач, пишува „Сан“.

Несреќната девојка ја пронашла нејзината мајка кога се вратила дома од работа, а откако влегла во тоалетот останала во шок од глетката.

-Се вратив од работа дома, влегов во тоалетот и ја видов како лежи во празната када. Во едната рака го држеше мобилниот телефон кој бил приклучен на полнач, а во другата рака го држела гумената затка за када. Повикав брза помош, но тие можеа да констатираат само смрт поради електричен шок, вели мајката за весникот.

Експертите секојдневно предупредуваат дека влегувањето со мобилен телефон во бањата е лошо.

Ова е петти смртен случај на ваков начин во Русија во текот на оваа година, а претходно почина и 14 годишна девојка на која мобилниот приклучен во полнач и падна во када полна со вода.

Треба да знаете
Последни објави