Search

Девојка болна од рак предложила на дечкото да се разделат, но тој имал друга идеја

Младата американка Џил Хенсон била диагностицирана со една од најстрашните болести – рак на градите во втор стадиум. Знаејќи дека лечењето ќе се одвива повеќе години, девојчето решило да ја каже целата вистина на својот партнер и да разговара отворено со него, и да му предложи да се разделат.

До тој момент, двојката била во врска веќе 3 години. Џил седнала со својот партнер и разговарала за целата ситуација и сметала дека најдоброто решение е да се разделат.

Тој не се согласил, и останале заедно. Во следните две години, тој бил до неа и ја подржувал во сите тешки моменти. Но во последниот ден од нејзината терапија тој припремил изенадување за неа.

Момчето се договорило со нејзините најблиски и медицинскиот персонал, па кога дошол да ја земе од болницата, клекнал на колена, извадил прстен и ја побарал за жена.

Џил била потресена до дното на нејзината душа. Во денот кога ја оставила болеста зад себе, ја порабарале за жена. Таа во тој момент се чувствувала како најсреќниот човек на целиот свет.

Нивата приказна била раскажана на локалните вести, при што една агенција за оранизирање на свадби ги понудила своите услуги бесплатно, со цел приказната да има волшебен крај.

Па така тие веќе се една година во брак и живеа среќно.

Треба да знаете
Последни објави