Search

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше за МИА портпаролот Марина Шуманска.

Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово.
На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето.

Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави