Search

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Струмица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на крстосница за с.Зубово и с.Ново Село. Според полицијата се судриле „ауди А6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од с.Зубово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј со телесни повреди. На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави